Магарешкото млеко е познато уште од античко време. Најраните записи датираат од 2500 година п.н.е. Тие биле пронајдени на египетските релјефи, но дури во периодот на ренесансата оваа млеко се здобива со вистинско научно размислување.

Експлоатацијата на млеко од магаре била вообичаена меѓу античките луѓе.

  • Грците го сметале магарешкото млеко како одличен лек, 
  • Римјаните го правеле луксузен пијалок, 
  • Хипократ го препорачал за секакви болести: труење и ендономација, болки во зглобовите, зараснување на рани, црвенило на кожата...
  • Древните Египќани го користеле за терапевтска цел.
  • Се вели дека Клеопатра, кралицата на Египет, ја одржувала својата убавина и младоста на кожата во бањи со млеко од магаре. За дневна нега било потребно стадо од околу 700 магариња.  Со оглед на тоа што млекото содржи млечна киселина, тоа е одлично за кожата, бидејќи врши благ пилинг.
  • Во сторијата за Александар Македонски, во која бил отруен од Јола, се зборува дека во чашата на македонскиот император бил ставен отров, за кој се верувало дека не постои противотров, но единствено само магарешкото млеко ја имало таа супстанца за секој метал да биде разјаден од отровот.
  • Полин, сестра на Наполеон Бонапарта, се бањала со млеко од магаре. Ова се сметало за скандалозно,  во време кога ова млеко било многу ретко.
  • Римјаните исто така користеле млеко од магаре заради неговите терапевтски својства. Попеа, сопругата на царот Нерон, ја искористила оваа скапоцена течност за да го задржи сјајот и еластичноста на кожата. 
  • Месалина, римска царица, сопруга на императорот Клавдиј I користела маски за лице со магаре млеко натопено на парчиња леб.


Сториите за Александар и Клеопатра, како и учењата на Хипократ и Гален, ќе бидат причина во Средниот век, но и во XIX и XX век магарешкото млеко да се користи како средство за зголемување на имунитетот и еликсир на младоста. Во поголемите европски градови, особено во Париз намерно биле отварани продавници за магарешко млеко за подмладување на елитата.


Магарешкото млеко е уште познато како „белиот еликсир“ е могу корисен за:

  • зајакнување на имунолошкиот систем, 
  • остранување на проблеми со кожата (ја храни кожата и ги отфрла мртвите клетки), 
  • регулирање на цревната флора, 
  • остранување на хроничниот замор,
  • Ова млеко има 60 пати повеќе витамин Ц од кравјото, а содржи и многу витамини А, Д и Е
  • Богато е со протеини и омега 3 масни киселини, 
  • Го „чува“ здравјето на артериите, 
  • Го спречува таложењето на масните наслаги на струкот 
  • Одличен извор на енергија за децата.




Денес се наоѓа на врвот на листата на најскапите намирници во светот кои се користат за здравје и убавина.

Големата количина на есенцијални масни киселини и витамин А од магарешко млеко помага да се одржат физиолошките функции како што се заздравување на кожата и мукозата (чиреви). Постојат многу сведоштва за заздравување на акните, егземите и псоријазата. Обезбедува длабока хидратација на кожата.

Mлекото од магаре резултира со  различни придобивки за кожата. Овие резултати се поврзани со ефективноста на компонентите на млеко од магаре, како протеини, минерали, витамини, есенцијални масни киселини, биоактивен ензим и коензим кои и овозможуваат на кожата балансирана исхрана и соодветна хидратација. Особено содржината на витамин Ц во млеко од магаре е скоро 4 пати поголема од кравјо млеко. Магарето млеко содржи повеќе лактоферин и значителна количина на лизозим, од 1,0 мг / мл до 4 мг / мл (во зависност од употребениот аналитички метод: хемиски или микробиолошки), наместо кравјо млеко. Поради оваа причина, има потенцијал, кога е правилно формулиран, да ја намали проблематичната кожа со егзема, акни, псоријаза и херпес и својства при смирување на симптомите на иритација на кожата.

Млекото од магаре  е неверојатен лек за убавината на вашата кожа, благодарение на неговите својства и 100% природен состав.


За поцврста и поеластична кожа.

Главната причина зошто козметиката со млеко од магаре е толку добра за вашето тело и коса, има врска со големата концентрација на витамин Ц што ја содржи ова млеко. Оваа висока концентрација на витамин Ц + многу други протеини и минерали присутни во магарешкото млеко и дава на кожата хидратација, ја стимулира да се обнови и произведува супстанции како колаген, кои и помагаат на кожата да биде поцврста и еластична.




Одличен навлажнувач и третман против брчки.

Богатиот состав на млеко од магаре исто така го прави одличен навлажнувачки крем и  можеби уште поважно, се вели дека е ефикасен третман против брчки.


За помазна и подобра навлажнета кожа

Сапунот од млеко од магаре е богат со витамини (А, Б1, Б2, Б6, Ц, Д, Е), минерали (калциум, магнезиум, фосфор, железо, цинк…), есенцијални масни киселини (омега 3 и 6) и минерали кои и помагаат на сувата кожа да се обнови и рехидрира.



За борба со првите облици на стареење.

Содржи многу ретинол (витамин А) кој има многу значаен ефект во борбата против брчки и затегнување на лицето.Помага при  регенерацијата на ткивата и појавата на брчките. Кожата полесно се обновува и со тоа се елиминираат нечистотиите. Магарешкото млеко навлажнува и се препорачува за рано стареење на кожата.


Ефективно средство за проблематична кожа со акни, егзема и псоријаза

Ретинолот исто така помага да се забрза заздравувањето на проблематичната кожа и го поттикнува  производството на колаген. 



Има својства на смирување и обновување на кожата.

Богатиот состав на магарешкото млеко значи дека овие производи се регенеративни за кожата поради високото ниво на протеини, фосфолипиди и церамиди, што пак и даваат смирувачки и реструктуирачки својства -  колаген, кој и помага на кожата да биде поцврста и еластична.